Приведени двајца велешани, во нивните домови пронајдена дрога
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, ги лишеле од слобода шеесет и три годишниот Ј.К и триесет и девет годишниот Б.М, двајцата од Велес.
Првиот велешанец, Ј.К бил лишен во 16:20 часот откако при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, и со полициски службеници со службени кучиња од Единица за слижбени кучиња Скопје, бил пронајден и одземен кокаин.
Вториот велешанец, Б.М бил лишен од слобода час и половина подоцна, кога полициски службеници од СВР Велес, заедно со полициски службеници и службени кучиња од Единица за службени кучиња Скопје, при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес пронашле и одземале масло од канабис и амфетамин.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, соопшти дека за двата случаи бил известен јавен обвинител а двајцата велешани се приведени во полициска станица и по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк