Приведени крадци во Велес, расчистени пет кривични дела „тешка кражба“
Триесет и девет годишниот Е.Ј и осум години помладиот Џ.Н, двајцата од Велес, вчера, од страна на полициски службеници од Полициска станица Велес и Одделение за криминалистичка полиција при СВР Велес биле лишени од слобода.
-Тие биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Е.Ј. и Џ.Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, при што признале пет дела „тешка кражба“ кои ги извршиле во куќи и правни лица. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Велес на Е.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Исто така, по преземени мерки било утврдено дека Џ.Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Дума.мк