Приведени тројца велешани, пронајдена марихуана
Објавено: 3 април, 2023, во 13:37 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, ги лишеле од слобода деветнаесет годишните Д.С и Г.К и дваесет годишниот Љ.С сите од Велес.
Како што соопштија од полицијата, при преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Дума.мк


