Приведено лице од Лозово, криумчар на мигранти од Сирија
Дваесет и три годишниот М.А од Лозово бил забележан како со возило „волво“ со италијански национални ознаки превезувал лица мигранти. Возилото било запрено од страна на полициски службеници а тој се обидел да избега. Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека бил спречен и лишен од слобода.
Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
Настанот се случил вчера, 5 октомври, во 18:50 часот на регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на село Градец.
М.А. бил приведен во полициска станица од страна на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор „Богодорица“. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева