Пронајден машки леш покрај зграда во Велес без лични документи

Објавено на 21 јуни, 2021 во 14:55
Зграда на улица „Благој Ѓорев“ во Велес

Леш на маж, на околу 70 годишна возраст, пронајден е денеска, околку 13 часот, на улица „Благој Ѓорев“ број 73 од страна на случајни минувачи. Локацијата е така наречена кула кај Центар за јавно здравје во Велес. Граѓаните побарале помош од лекари на најблиската приватна здравствена установа кои излегле на лице место а потоа го пријавиле случајот во Итна медицинска помош на Здравствен дом Велес.

-Екипа на Итна помош излегла на лице место. Не можела да интервенира бидејќи човекот на возраст од 70 години не давал знаци на живот. Откако медицинската сестра и лекарот кај починатиот маж не нашле никаков документ за лична идентификација случајот го пријавиле во Полициска станица Велес, рече др Василка Поп Стефанова  Панова началник на Итна медицинска помош.

Граѓани тврдат дека во моментов на местото на кое сеуште се наоѓа мртвиот маж полициска екипа на СВР Велес врши увид.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.