Пронајден починат велешанец во својот дом
Објавено на 13 март, 2023 во 11:08
Телото на шеесет и седум годишниот С.Ј било пронајдено вчера, 12 март, во 21:30 часот во неговиот дом. Тогаш случајот бил пријавен во Сектор за внатрешни работи Велес.
Смртта кај починатиот маж ја констатирал лекар на Итна медицинска помош. Тој не констатирал видливи траги на насилство на телото на починатиот.
-Увид на местото изврши увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Велес. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Стефани Манева