Пронајдени повеќе пакувања хероин во одводот на затворскиот тоалет во Велес
Објавено на 28 октомври, 2022 во 11:57
Во одводот на затворскиот тоалет во Казнено поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, вчера, биле пронајдени повеќе пакувања со хероин. Случајот го пријавиле од затворот во Полициска станица Велес околу 16:10 часот.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека полициски службеници излегле на местото и дрогата била одземена за понатамошна постапка. Исто така, се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот.