Работник тешко повреден при извршување работни задачи во близина на Црвени Брегови, неготинско
Објавено на 7 октомври, 2025 во 12:25

Триесет и четири годишниот С.Л од село Тимјаник, неготинско, вчера, часот бил однесен во Итна медицинска помош со тешка телесна повреда. Според пријавеното во Одделение за внатрешни работи Неготино мажот се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стомански комплекс во близина на село Црвени Брегови, неготинско.
Случајот во полиција бил пријавен во 09:45 часот и за настанот бил известен јавен обвинител а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
Дума.мк


