Реконструиран патот Мушов гроб – Конопиште, во кавадаречко
Објавено на 24 октомври, 2025 во 15:04

Заврши реализацијата на проектот за реконструкција на регионалниот патен правец Мушов Гроб – Конопиште, во должина од 6,5 километри. Целосната реконструкција на патот е реализирана во соработка со „Македонија пат“ и со одобрени средства од ЈПДП во висина од 60 милиони денари.
„Новата асфалтна површина следи по претходните активности, изведени во соработка со општествено одговорните компании „Кожувчанка“ и „Кодинг“ кои со својата механизација ги извршија проширувањето на банкините, чистењето на канавки и изградбата на атмосферски одводи. По цели 30 години, ова претставува прва сериозна реконструкција на овој патен правец,“ соопштија од кабинетот на Митко Јанчев градоначалник на Општина Кавадарци.
Убавка Јаневска


