Се поизвесно дека дел од центарот на Велес ќе добие нов лик

Објавено на 8 јули, 2021 во 12:13
Аце Коцевски, Градоначалник на Општина Велес

Изградба на атмосферска канализација на улицата „8-ми септември“,  изградба на два кружни текови, велосипедска патека, обезбедување на нови паметни автобуски постојки, електрично возило и електрични рикши за туристи и посетители, паметни услуги за јавен превоз со интегрирана платформа, паметни електрични велосипеди и систем за нивно споделување, паметно осветлување во центарот на градот и паметни клупи и друга опрема и  софтвер. Овие градежни зафати треба сосема да го променат изгледот на овој дел на градот.

Новиот лик на централното подрачје е составен дел на проектот „Паметни решенија-продолжуваме“ што општината го конкурираше во европската комисија каде според градоначалникот Аце Коцевски поминала веќе две фази на одобрување.

– Искрено се надевам дека ќе успееме да ја поминеме и финалната фаза на одобрување на проектот и дека во согласност со нашата Стратегија за паметен град  и Планот за одржлива урбана мобилност , Велес ќе направи пионерски чекори во развојот на паметните градови не само помеѓу македонските општини, туку и пошироко во регионот. Искрено се надевам дека сите граѓанки и граѓани на Велес ќе го поддржат овој значаен проект, додаде Коцевски на денешната прес конференција.

Вкупната вредност на проектот изнесува 751.504,34 евра од кои 85% ги обезбедува Европската унија додека 15% од сумата ги обезбедува општината кои на крајот ќе и бидат вратени од Министерството за локална самоуправа.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License