Се вози брзо на територија на СВР Велес, казнети 36 возачи
Објавено на 4 октомври, 2021 во 11:47
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 3 октомври, полициски службеници спровеле засилена акциска контрола на возачи кои управуваат со брзина поголема од пропишаната при што санкционирале 36 возачи.
Осум возачи возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената додека еден возач возел дури над 70 километри на час над дозволената брзина.
Најголем број на санкции, 17 се изречени на територијата на Велес, 10 на територија на Кавадарци и девет на територија на Неготино.
Од Сектор за внатрешни работи Велес апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.