Се запалила куќа во село Тремник од плинска боца, нема повредени лица
Објавено: 17 јануари, 2024, во 11:24 часот
Во куќа во село Тремник, неготинско, вчера, настанал пожар од плинска боца. Екипа на Територијална противпожарна единица Неготино, пристигнале на местото по што го локализирале пожарот и нема повредени лица.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека куќата е во сопственост на И.П и пожарот во Одделение за внатрешни работи Неготино бил пријавен во 17:50 часот.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
Дума.мк



