Седумдесет годишна Велешанка тешко повредена е од удар на автомобил

Сообраќајката се случила вчера попладене, околу 17:40 часот, на крстосницата од улиците „Јордан Хаџи Констатинов Џинот“,„Браќа Капчеви“ и „Ангел Мишев“ во Велес. На раскрсница кај Стар Мост патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.З.(27) од Велес, удрило во пешакот Г.С.(70) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.С., констатирани во Општата болница Велес.
Според портпаролот на Општа болница Велес, др Ванчо Граматов по извршените прегледи и снимања лекарскиот тим на Одделение за хирушки болести констатирал две потешки повреди кај пациентката.
-Констатирани се скршеници на десен колк и десно рамо. Пациентката примена е на болничко лекување во Општа болница Велес. Таа надвор е од животна опасност и под опсервација на лекарски тим кои ќе донесе одлука дали е потребен оперативен зафат, додаде др Граматов.
На местото на сообраќајната незгода увид извршила увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
