Силно невреме во Кавадарци поплави подруми и создаде проблеми на улици (фото)

Објавено на 14 август, 2022 во 20:54
Фото: Рачистување на градските улици во Кавадарци

Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења вчерва вечер го зафати Кавадарци.За половина час наврнаа 40литри/м2.

Според првичните информации, до повикувачкиот центар во општината,  пристигнаа дваесетина пријави на граѓани за поплавени подрумски простории. 

Фото: Рачистување на градските улици во Кавадарци

Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” беа на терен.  На улица ,”Беласица” се отстрани паднато дрво од силниот ветер, а се расчистија  и наноси од кал низ градските улици. Потоа се переа со вода градските улици. Од силниот дожд вода навлезене и во зградата на општина Кавадарци.

Фото: Рачистување на градските улици во Кавадарци

Од општина Кавадарци упатија  известување до граѓаните кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на општината на бројот 13 300.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.