Сите загинати или тешко повредени патници во синоќешната тешка сообраќајка несреќа, кај катлановски тунел се велешани
Министерството за внатрешни работи соопшти дека тешко повредените и загинатите во синоќешната сообраќајка кај тунел Катланово биле работници од Велес, кои работеле во Скопје и патувале со организиран превоз од фирмата во која работеле.
„На 16.10.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 17: 35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О. Д. (32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А. Н. (37), Ј. А. (47) и Д. Ц. (66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот О. Д. и сопатниците З. С. (59), В. З.(67), Н. Н. (33) и Б. П. (41), сите од Велес, кои биле пренесени во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ во Скопје и Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител кој издал наредба телата на починатите да се предадат на обдукција.
Убавка Јаневска