Сквернавење на гроб во црква Свети Спас, уништена само надгробна плоча (Фото)
Во Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден, педесет и седум годишниот А.А. пријавил дека било извршено сквернавење на семејниот гроб на градските гробишта во црква „Свети Спас“ во Велес.
-Извршен бил увид на место и се работи на расчистување на случајот, соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ пак, информираат дека не станува збор за откопување на гробно место туку оштетена е надгробната плоча.
-Во текот на вчерашниот ден, сопственик на гробно место на гробиштата кај црквата Св. Спас пријави оштетена гробна плоча. По увидот на лице место утврдено е дека сосема сигурно не се работи за сквернавење на гробно место, туку за оштетување на гробната плоча , што може да настанало поради ниски температури (мраз) или можеби некој од посетителите на гробиштата ненамерно ја оштетил минејќи преку нејзе, пишува во одговорот на ЈКП „Дервен“.
Стефани Манева