Со закани кон вработена ограбено казино во Кавадарци
Објавено на 21 декември, 2021 во 11:11
Во казино на улица „Маршал Тито“ во Кавадарци, вчера, 20 декември, околу 04:30 часот, две лица со закана кон вработената од касата ги одзеле парите од дневниот промет. Случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци и бил извршен увид на местото на настанот.
Од Сектор за внатрешни работи Велес ифнормираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева