Сојузот на здруженија на дијабетичари со конференција го одбележува Светскиот ден на видот

Објавено на 9 октомври, 2025 во 08:54
Фото: Сојуз на здруженија на дијабетичари

Со цел подигнување на свесноста за слепилото, оштетувањето на видот и промоција на здравјето на очите Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) организира конференција за медиуми по повод Светскиот ден на видот, кој традиционално се одбележува секоја година во вториот четврток од октомври. Во организацијата на настанот е вклучено и велешкото здружение на дијабетичари.

Конференцијата ќе се одржи денеска со почеток во 14 часот, во просториите на Ресурсниот центар – Скопје.

На конференцијата ќе бидат презентирани едукативни материјали и информации за активностите и заложбите на СЗДСМ во областа на превенцијата, навремената дијагноза и зачувувањето на здравјето на видот, особено кај лицата со дијабетес. Ќе се дискутира за најчестите очни компликации поврзани со дијабетесот, како што се дијабетичната ретинопатија, дијабетичниот макуларен едем, влажната дегенерација на макулата и запушувањето на вената во мрежницата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.