Сообраќајка на автопатот А1, загина 36 годишна жена од соседна Србија
Тешката сообраќајна несреќа се случила рано утринава, околу 02:45 чaсот, на делницата на автопатот А1, Градско – Велес. Патничкото возило марка „рено“, со српски национални ознаки, кое го управувал Г.Ј. (41) од Република Србија, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди на лице место починала сопатничката С.П. (36) од Србија додека лицето Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.
-Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Велес. Увидот треба да ги утврди причините за сообраќајната несреќа, пишува во дневниот полициски билтен.
Според полицијата вчера вечер, околу 20.50 часот, на автопатот А1, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М. (20) и С.К. (37), двајцата од Велес, бидејки кај нив било пронајдено пакување со кафеава прашкаста материја.
-Тие се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на случјаот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, рече портпаролот Ристе Самарџиев.
Убавка Јаневска