СВР Велес: Четворица велешани возеле со поголема брзина од пропишаната
Објавено на 28 јули, 2021 во 12:40
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, била спроведена четири часовна акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Полициските службеници евидентирале 18 прекршоци.
-Во Велес евидентрани се четири прекршоци, во Кавадарци два и најголем број казнети, 12 се во Неготино, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Инаку во последното деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се шест лица во Велес и против нив се поднесени соодветни поднесоци.
Стефани Манева