СВР Велес: Граѓаните да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица и да не наседнуваат на измами
Сектор за внатрешни работи Велес апелира сите граѓани да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица и да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги. Како пример ги посочуваат услугите за продажба на дрва за огрев. Граѓаните да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во полиција.
-Секторот за внатрешни работи Велес, поради евидентирани пријави од страна на граѓани за
извршени измами од страна на лица кои лажно се претставуваат и на различни начини ги
доведуваат до заблуда оштетените со цел да остварат парична и друга корист, апелира до граѓаните
да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица, соопштуваат од Сектор за внатрешни работи Велес.
Инаку, СВР Велес превзема интензивни мерки и активности за спречување на ваквите појави и расчистување на пријавените измами.
Стефани Манева