СВР Велес спроведе едукативни работилници од областа на сообраќајот за учениците од Велес и Кавадарци

Објавено на 31 мај, 2024 во 10:47

Учениците од ООУ „Васил Главинов“ од Велес, вчера, беа дел од едукативна работилница од областа на сообраќајот спроведена од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при истиот сектор.

-На децата им беше презентирана улогата на полицискиот службеник, опремата за работа, како и основните сообраќајни правила и прописи. Исто така, во Кавадарци, во соработка со општината Кавадарци и Општинскиот сојуз за училишен спорт Кавадарци беше реализирана активност под мотото „Возете велосипед“, со рекреативно возење по улиците од централното градско подрачје во кое што учествуваа деца од сите основни и средни училишта на подрачјето на Кавадарци, објаснуваат од Министерство за внатрешни работи.

Инаку на самиот крај од едукацијата во Кавадарци од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на учесниците им биле поделени едукативни печатени материјали со информативна содржина поврзана со управувањето и користењето на велосипедите. 

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.