Татко тешко ја повредил ќерката додека го паркирал своето возило во село Куманичево
Објавено на 27 октомври, 2022 во 14:52
Четириесет и три годишната Ј.Ч од село Куманичево се здобила со тешки телесни повреди откако нејзиниот татко, шеесет и седум годишниот Ц.Ч, ја удрил со возило. Според Сектор за внатрешни работи Велес, полициски службеници констатирале дека околу 16:30 часот во дворот од куќата во село Куманичево таткото додека го паркирал возилото ја удрил ќерката.
Повредите и биле констатирани во Општа болница Кавадарци а случајот го пријавиле од болницата вчера, 26 октомври, во 19:10 часот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
Увид бил извршен од увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.
Стефани Манева