Тешко повреден малолетен пешак во Кавадарци
Објавено на 26 септември, 2022 во 10:43
Триесет и едно годишниот А.Н од Кавадарци управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки удрил во малолетен пешак. Немилиот настан се случил на улица „Шишка“ во Кавадарци на излез од населбата Глишиќ кон село Марена.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општа болница Кавадарци.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека случајот во Полициска станица Кавадарци бил пријавен вчера, во 19:53 часот и дека увид бил извршен од екипа на Полициска станица Кавадарци.
Стефани Манева