Трагедија во Кавадарци: Загинаа двајца работници, полицискиот увид заврши
Објавено на 5 јули, 2022 во 12:46
Двајца градежни работници утринава во 9: 40 часот загинаа во Кавадарци при монтирање на кран за изведување на градежни работи на станбена зграда. При монтажата, кранот се откачил и падот од голема висина бил кобен за двајцата работници.
Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош.
Од полицијата ја потврдија информацијата.
-Во моментов завршен е увидот на местото на несреќата. За кратко време ОВР Кавадарци ќе соопшти информации преку Министерството за внатрешни работи, рече началничката Благица Кицева.
Жителите кои живеат во непосредна близина раскажуваат дека се слушнал силен удар во моментот на паѓање на кранот.
Ангел Данов