Триесет и двајца болнички ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 18 мај, 2021 во 18:41
ЈЗУ Општа болница Велес

Испишан еден пациент како оздравен со еден негативен тест денеска од Општа болница Велес. Од вкупно 32 кои се лекуваат во болницата  21 се потврдено позитивни, еден е сомнителен  и 10 пациенти се со негативен тест но, задржани на болничко лекување.

 И понатаму е висок бројот на болни на кои им е потребна кислородна поддршка. Станува звор за 19 пациенти.

 Најголем број од пациентите се лекуваат на Инфективно одделение 14, во Модуларна болница 13 додека на Интерно одделение се сместени и здравствени услуги добиваат пет пациенти.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.