Успешна крводарителска акција во Градско
Објавено на 15 август, 2022 во 10:13

Триесет и четири крвни единици биле собрани на крводарителската акција којашто се одржа оваа сабота, во Градско, во просториите на Дом на култура. Крводарителите од Градско ја покажале својата хуманост и во пет часа, крв успеале да даруваат 34 граѓани коишто ќе спасат нечиј човечки живот.
Традиционалната крводарителска акција била организирана од страна на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје како и со помош од Општина Градско.

На оваа крводарителска акција во Градско учество земале волонтери од велешки Црвен крст.
Стефани Манева
