Успешна крводарителската акција со мото клуб „Носачи на крстот“ во Велес

Објавено на 18 април, 2022 во 11:37

На пролетната крводарителска акција организирана од страна на мото клуб „Носачи на крстот“ и Општинска организација – Црвен Крст Велес, вчера, биле собрани 169 крвни единици. Од крводарителите седдуммина за прв пат дарувале крв и станале дел од најголемото хумано семејство. Според Црвен Крст Велес, оваа бројка значи надминување на очекувањата.

– Голема благодарност за сите крводарители кои даруваа на крводарителска акција со Мото клубот Носачи на крстот, пишува во соопштението на Црвен Крст – Велес.

Во реализацијата на акцијата биле вклучени и екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, седум волонтери од Клубот на млади а поддршка дале и Народен музеј.

Инаку во саботата, на 16 април, била оргазирана и крводарителска акција во Градско и останатите населени места во Општината, на којашто биле собрани 46 крвни единици а двајца од дарителите за прв пат дарувале крв.

Од Црвен Крст Велес информираат дека во реализацијата на акцијата биле вклучени петмина волонтери и истата била организирана во соработка со Екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и како помагател Општина Градско.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.