Успешна втората крводарителска акција за месец април во велешка касарна

Објавено на 19 април, 2024 во 14:16

Педесет и осум крвни единици биле собрани на втората крводарителска акција организирана во велешката касарна Алексо Демниевски – Бауман. Од велешки Црвен крст велат дека крводарителите од касарната повторно ја докажале својата хуманост и во месец април ја одржаа втората крводарителска акција.

-Многу сме горди што ова е втора крводарителска акција во месец април а е исто успешна колку и првата. На денешната акција 24 дарители даруваа за прв пат и станаа ден од најголемото хумано семејство, додаваат од Црвен крст Велес.

Инаку, акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.