На европскиот ден на акција и солидарност: ССМ од Владата бара измени на законот за работни односи!

Објавено на 14 ноември, 2012 во 13:31

Добиени се судските спорови за жените кои претпеа мобинг во фабриката за медицинска пластика во Велес, тврди велешкиот синдикален лидер, Себедин Шакиров.

Од ССМ соопштија дека овој пример е потврда дека секој кој претрпел насилство на работното место има законско право да бара оштета и да успее во тоа.

 

„Ние не учествувавме во докажувањето на правдата бидејќи овие жени не се наши членови, но сепак го следевме целиот случај кој се водеше во велешкиот суд. Тоа беше процес за насилство, но без разлика правдата излезе на виделина а оштетените добија паричен надомест за претпените трауми на работно место“, рече Шакиров.

Според него работниците од Велес се се поохрабрени да го пријавуваат насилството на работа, но, не знаат каде. Шакиров рече дека работниците често грешеле, па наместо во комисијата за мобинг се обраќале во министерството за труд и социјална политика.

„Ова министерство не е надлежно за мобингот и за тоа работниците не треба таму да се пријавуваат. Сите кои претрпеле мобинг на своето работно место ги охрабруваме да пријават или кај нас па ние ќе ги упатиме на вистинското место или пак во комисијата за пријавување на мобинг. Работиме на тоа да ги едуцираме работниците“, рече Шекиров.

Инаку пред речиси две години неколку вработени во грчката фабрика за медицинска пластика,  се пожалија дека без посебна причине биле физички нападнати од директорот. За ова се охрабрија и проговорија пред медиумите, а потоа правдата ја побараа на суд.

Инаку денеска е 14 ноември – Денот на акција и солидарност на Европската конфедерација на синдикати. Секаде во Европа се протестира за да се охрабрат работниците да си ги бараат своите права, но не и во земјава.

А ССМ преку писмо на Владата и порача дека ќе бара измена на законот за работни односи со која бара да се регулира дискриминацијата по пол како и пристојноста на условите на работното место.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.