За добрите и лоште страни на македонското образование!
„Реформските процеси во образованието во Р.Македонија“ е најновото дело на државниот инспектор во високо образование Ѓорѓи Илиевски. Во книгата посветена на учениците и просветните работници Илиевски отворено говори за добрите, но и лошите страни на образовниот процес во земјава. Тој ставил акцент во расчекорот помеѓу теоријата за тоа како треба да се образуваат и воспитуваат децата, но и каква е праксата на терен. Активностите на учителите и воспитувачите се најсуштински за добро образоание, но во центарот на книгата сепак е детето, рече Илиевски.
„Има многу нелогичности за тоа како се третираат учениците, но и студентите. Веќе триесет години работам во образование и сведок сум на многу недостатоци во процесот, па од тука и потребата за да напишам едно вакво дело. Сите оние образовни работници кои ќе ја читаат книгата ќе можат да се пронајдат себе си. Иако работам како инспектор во министерството за образование сепак имав потреба отворено да проговорам за добрите и лошите страни на процесот“, рече Илиевски.
Книгата е наменета за сите, децата од градинките, од основното и средно образовани па се до студенти. Велес го одбрал не случајно за промоција на делото бидејќи како што рече градот важи за еден од најстарите трговски, воспитни и образовни центри во дражавата. Корените започнуваат со формирањето на најстарата градинка на Балканот, токму во Велес, во 1863 година, од страна на велешанката Славка Димкова. Од тука се раширила традицијата на создавање на забавишта на целиот Балкан, беше истакнато на денешната промоција на делото на Илиевски.
