Велешкиот здравствен дом доби нови рендген апарати!

Објавено на 1 март, 2013 во 12:33

Од денеска пациентите од Велес, Повардарието и Овче Поле ќе може да се прегледуваат на двата нови рендгени кои ги набави јавната здравствена установа.

Современите апарат ги купи здравствениот дом од сопствениот буџет и чинат 20 илјади евра.

„Ова се два рендген дигитални апарати кои ги набавивме деновиве од сопствени средства. Едниот е сегментен интерорален апарат и вториот е дигитален рендген панорама  апарат за снимање на заби. Со ова стоматологот добива  брза и прецизна дијагноза, но може рано да открие аномалии на вилиците кај пациентите. Така им  овозможуваме  здравствена услуга преку партиципација, за минимална сума да добиваат квалитетна услуга, а ние како ЈЗУ мораме да се грижиме за здравјето на граѓаните “  рече Тања Самаракова директор на велешкиот Здравствен дом.

Со ова пациентите од Велес, но и Поварадарието и Овче Поле добиваат квалитетна услуга. За неа ќе бидат потребни само сини картони. Инаку велешкиот здравствен дом е меѓу првите во земјава кој ќе пружа вакви современи услуги за пациентите. Слично на овие апарати има само стоматолошкиот клинички центар во Скопје.  Особена предност е што овозможува по електронска пошта рендгенските снимки да се испраќаат до стоматологот. Здравственито дом ќе го обучува персоналот кој ќе ги користи апаратите./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.