Тешка сообраќајна несреќа со една жртва на автопатот Велес – Неготино!
Педесет и едно годишната ВиолетаТ од Скопје загина а нејзиниот син И.Т (27) и мајка Т.Б (80) се тешко повредени во сообраќајната несреќа што утрово се случи во близина на Штипска клучка на автопатот Велес – Неготино.
Уште едно лице имало во автомобилот марка Фолцфаген поло кое поминало без повреди. Починатата и настраданите се семејство. Возилото кое било управувано од синот на Виолета е сосема уништено. Повредените се префрлени во болницата во Велес.
„Двајца пациенти кои настрадале во тешка сообраќајна несрека се примени во болницата утрово околу 7.30 часот. Пациентот на 27 годишна возраст има полесни телесни повреди претежно површински во пределот на главата додека постариот пациен на 80 години има потешка телесна повреда. До сега се направени сите лабораториски и ренгенографски иследувања, се прават и дополнителни иследувања компјутер на глава кај постарата пациентка. Засега се во стабилна здравствена состојба,“ рече портпаролот на болницата, д-р Силвана Мишкова.
Глетката на автопатот беше стравична. Возилото во кое патувало семејството на загинатата Виолета беше целосно уништено. Засега се претпоставува дека возачот изгубил контрола, возилото удрило во бетонската ограда и се извртело но останало на коловозот на автопатот. Од ударот на лице место починала Виолета додека нејзиниот син се здобил со полесни а мајка и со потешки повреди. Во Полото имало и четврто лице кое за среќа поминало без повреди.
„Сообракајната незгода се случила околу 7 часот. Во неа учествувало само едно возило марка Фолсфаген поло со скопски регистерски таблички и во него имало возач и уште тројца патници. Загината е жена на возраст од педесет и една година која седела на совозачкото место. Според првичните информации, возачот и уште еден од патниците се потешко повредени додека другиот патник има полесни повреди. Сите се задржани на лекување во болницата во Велес. Увидот само што заврши ќе следат и други истражни дејствија за да се утврдат причините за несреќата,“ рече истражниот судија на Основниот суд во Велес, Бојанчо Донев.
Увидот во кој освен полицијата и истражниот судија учествуваше уште јавен обвинител како и истрагата ќе треба да ги утврдат причините за тешката сообраќајна несреќа. /Б.Н
