СДСМ ја праша локалната власт од ВМРО ДПМНЕ зошто крати пари од донесени програми за работа на општината
СДСМ ја праша локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ зошто ги крати парите од програмите што пред изборите ги гласаше нивното мнозинство во Советот на општината. Советникот Благој Коларов соопшти дека овој состав на Советот, исто така предводен од ВМРО ДПМНЕ, за 4 милиони 380 илјади денари ги скратил програмите од областите култура, образование, поддршка на граѓански сектор, социјална и здравствена заштита и локален економски развој.
Најмногу пари се скратени во социјалата заштитата вкупно 1.240 000 денари додека од програмата за локален економски развој се одземени 970.000 денари. Вкупно се скратени 4 милиони 530 илјади денари од буџетот на општината, сретствата кои се изгласани непосредно пред локалните избори.
– Во најголем број на случаи образложението на власта е дека причината за кратењата е слабата динамика на полнење на буџетот односно дека пари нема па затоа ги повикуваме да објаснат зошто има помалку пари во Буџетот од ветеното и планираното, рече Коларов.
Тој соопшти дека на последната седница на Советот на општина Велес,т советничката група на СДСМ и коалиционите партнери гласале против кратењето на парите затоа што сметаат дека локалната власта е крајно неодговорна. Коларов најави дека на наредната прес конференција на која ќе ја соопшти вкупната сума пари скратена во програмата за градежно земјиште каде имало значителен процент на намалување на планираните средства./Б.Н