Зет, со нож прободел, дедо во село Отовица
Објавено: 23 јули, 2013, во 11:59 часот
Случката се случила ноќеска во два часот по полноќ. По семејна расправија четириесет годишниот И.П со нож го нападнал таткото на неговата сопруга С.П и му нанел убодна рана во пределот на слабината. Шеесет и четиригодишниот маж веднаш бил пренесен во болницата во Велес. Примен бил на хирушкото одделение и задржан на лекување.
– Пациентот е примен во болницата со прободна рана и над него е извршен оперативен зафат. Состојбата му е стабилизирана. Денеска тој е надвор од животна опасност и се наоѓа на лекување во шок соба. Повредата која ја здобил е квалификувана како тешка телесна повреда, рече портпаролот на Болницата д-р Силвана Мишкова.
Зетот кој го повредил дедото е во бегство. Полицијата го бара. Направен е увид на местото на случката и ќе бидат превземени законски мерки по пронаоѓањето на напаѓачот, велат од СВР Велес./Б.Н


