Болницата, неколку часа, денеска без лифт

Објавено: 19 август, 2013, во 14:50 часот

Пациентите биле приморани да се качуваат до петтиот кат затоа што не работел големиот лифт во болницата. Дел од нив едвај стигнувале до четвртиот кат на кој е сместено интерното одделение. Тие се пожалија велејќи дека со болно срце неможеле да отидат на закажани прегледи кај лекарите интернисти.

– Не беше воопшто лесно и како може оддеднаш да не работат двата лифта. На секои десет скали се одмарав за да стигнам до чевртиот кат. Имаше возрасни граѓани кои откако разбраа дека лифтовите не функционираат се вратија дома, рече пациент.

– Не смее во исто време да не работат двата лифта. На портирницата ми објаснија дека работеле на отстранувањето на дефектот на големиот лифт кој откажал претпладнево. Тоа мене и на мојот сопруг не ми вршеше работа, моравме да се искачиме до горе, рече пациентка

Од Болницата потврдија дека неколку часа имале проблем со вториот или поголем лифт. Ги сменувале чиповите затоа не работел. Штом завршила постапката го стартувале и сега болницата има лифт. Од таму рекоа дека сервис службата работела и на отстранување на дефектот на помалиот лифт. Се чекал дел кој требало да го сменат за да профункционира лифтот кој вообичаено го користат пациентите. Поголемиот лифт го користи персоналот и има пракса тој да биде постојано слободен поради пренесување на итните случаи од приземје кон повисоките катови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.