И велешани во полициската акција за недозволена трговија со дрога и перење пари
Објавено на 19 септември, 2013 во 12:26
Поради сомневања за недозволена трговија со дрога и перење на пари, рано утрово, во домовите на повеќемина велешани, биле извршени претреси. Полицијата привела поголем број на лица.
На информативен разговор во полициската станица во Велес се повикуваат и други за кои има сомневање за можна инволвираност.
Акцијата ја спроведува МВР во координација со германската полиција освен во Велес и во Кавадарци, Свети Николе, Штип и Скопје.
Осомничените купувале дрога во Македонија и ја продавале во Германија каде исто така се спроведува акција со претреси на домови и фирми поврзани со уапсените.
МВР повеќе информации најави за попладне, откако акцијата ќе заврши./Б.Н