Почнаа уписите во средните училшта

Објавено на 23 јуни, 2014 во 12:39

Речиси двојно повеќе слободни места,од завршените 550 основци, годинава нудат четирите средни училишта во Велес . Директорите на училиштата велат дека интересот на првиот уписен ден е добар и очекуваат за ден или два, да се запишат сите нови средношколци.

„Денеска до пладне имаме запишано околу 100 ученици. Тоа е бројка која задоволува. Традиционално најголем интерес имаме за здравствените насоки ,но и за останатите струки има интерес. Се надеваме дека ќе го исполниме бројот,“ рече директор на СОУ “Димитрија Чуповски“, Горан Јанков,.

„Се си тече во најдобар ред. Гимназијата запишува осум паралелки ,седум македонски и една албанска. Јас се надевам дека според досегашниот интерес ќе имаме доволно ученици, “ рече директор на Гимназија „Кочо Рацин“, Сашко Андреевски.

Најмногу слободни места според конкурсот на министерството за образование има во средното стручно „Коле Неделковски“. Над 400 ученици можат да се запишат во 12 паралелки. Според директорот Валентин Елисковски, токму овде утрово имало најголем интерес за упис.

„Ние сме презадоволни од досегашниот тек на уписот. Ако се има во предвид дека осмоодделенци има се помалку ,а ние запишавме повеќе ученици од лани тогаш се е во најдобар ред“ рече директор Валентин Елисковски.

Во средното економско можат да се запишат околу двеста средношколци распоредени во шест паралелки. Во Гимназијата Кочо Рацин има околу 270 слободни места, а хемиското Димитрија Чуповски нуди 232 слободни места.

Осмооделенците кои ќе се запишуваат во едно од четирите средни училишта во градот треба да ги достават следниве документи: свидетелство за завршено основно образование, извод на родените и дипломи од државни натпревари. Списоците со примените ученици ќе бидат објавени еден ден по завршувањето на уписот. Вториот уписен рок е во август./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.