Велешките полицајци на кондиционен марш
Објавено на 17 октомври, 2014 во 10:28
Стотина полицајци, полицајки, инспектори и други вработени службеници во полициската станица во Велес учествуваа на есенскиот кондиционен марш. Тие испешачија патека долга 12 километри која за почеток го имаше атарот на селото Ветерско и цел езерото Младост.
Ова е втор кондиционен марш годинава организиран од командирот на полициската станица. Првиот се одржа изминатата пролет.
„Освен двата задолжителни годишни маршеви, вработените во полициската станица учетвуваат и на уште неколку што се организираат во меѓувреме со иста цел одржување на кондицијата на вработените,“ рече портпаролката Анита Стојковска.
Есенскиот марш на полицијата во Велес се одржа вчера. /Д.С
