Велешките извидници втори во државата

Објавено на 20 октомври, 2014 во 13:28

Екипата на постари извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес го освои второто место додека екипата на помлади извидници го освои шестото место на Државен Извиднички Ориентационен Натпревар „ДИОН 2014“ што викендов се одржа во извидничкиот центар во Голозинци. Во Генерален пласман први беа извидниците од ИПО “Јадран“.

Велешани беа домаќини и организатори на државниот натпревар заедно со Сојузот на извидници на Македонија. Годинава учество земаа стотина извидници од Велес, Скопје, Кичево, Охрид кои се натпреваруваа во две категорои РИОН за постари извидници и РАПИ за помлади извидници.

Постарите извидници се натпреваруваа во областа на ориeнтацијата и топографијата на непознат терен, прва помош, сигнализација и тестови од повеќе области. Помладите извидници се натпреваруваа во областа на основното ориентирање преку патни знаци, прва помош, пионерство, игри, полигон на вештини.

Домаќините се покажаа како добри организитори и покрај тоа што ним ова не им беше прва организација на домашни или меѓународни натпреварувања. Извидниците од Велес претходно ваков вид на државни извиднички првенства организирале на терените на езерото Младост, во село Ораовдол и во Јасеново.

Патролите на велешкот градски извиднички одред се задоволни со постигнатите резултати на годинешниот државен натпревар./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.