Винопроизводители од Македонија и Франција разменуваат искуства во Велес
Како да го подобрат квалитетот на почвата но и квалитетот на виното денеска слушнаа македонските производители. Искуствата и праксата од Франција им ги пренесоа експерти за вино од познатиот регион Алзас, на денешната средба што ја организираше Вардарскиот плански регион во Велес. Француските производители на вино од овој регион се препознатливи не само во Франција туку и во светот . Успехот што го постигнале во производтсво на квалитетно вино го должат на меѓусебната соработка на сите чинители од произвопдители до трговци, потрошувачи и туристи.
„ Во Алзас постигнавме да имаме вино прозведено 100 % со марката на контролирано регионално потекло . Таму постојат повеќе организации кои работат заедно за да може вината на Алзас да бидат препознатливи не само во Франција туку и во светот. Не само што работиме на квалитетот на производот туку работиме и на квалитетот на почвата . Во Алзас е направена првата винска патека во 1953 година и на таа манифестација годишно имаме повеќе од 6 милиони посетители. Се работи за една голема мрежа на производители, продавачи и трговци на вино кои работат заедно за да можат да ги задоволат потребите на туристите и купувачите, рече експертот за вино Жан Луи Везен.
Соработката на Вардарскиот плански регион и регионот Долна Нормандија е повеќегодишна. Таа отвора можност за размена на искуства и практики на полето на економијата, културата и туризмот.
„Претпоставуваме дека со воспоставувањето на оваа соработка која е во полето на развојот на винскиот туризам ќе се отворат можности за понатамошна соработка и за финансирање на понатамошни проекти но и за активно вклучување на бизнис заедницата како двигател на развојот. Регионот од Франција е најпрепознатлив по развојот на винскиот туризам , така што оваа соработка може да биде од голема полза за развојот на винскиот туризам и кај нас во Македонија, рече државниот секретар во министертсвото за локална самоуправа Билјана Цветановска Гугоска .
„Се надевам дека овие експерти кои ни доаѓаат од регионот Алзас ќе пренесат добро искуство и ќе ги пренесат добрите практики како во туристичкиот така и во економскиот и земјоделскиот сектор, рече амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер.
Два дена француските експерти и винопроизводителите од Вардарскиот регион ќе имаат можност да разменуваат искуства од областа на винопроизводството.
„ќе направиме договор за петгодишна соработка и ќе мапираме одредени активности како што се винскиот пат во Алзас , начинот на производство на виното. Но она што е карактеристично е тоа што оваа соработка ќе даде добри резултати на долг рок
Локалните власти се надеваат дека ваквата соработка со Франција ќе продолжи и во иднина на полето на културата, економијата и туризмот./Д.С