Воз удри во педесетчлена грпа мигранти на пругата Велес – Скопје
Четиринаесет мигранти загинаа од удар на возот синоќа околу 22: 30 часот на пругата Велес – Скопје и осум се приведени во полициската станица во Велес, , информира портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска. Можно е бројката на загинати мигранти на железничката пруга кај местото викано Пчиња да се покачи. Поради непристапноста на екипите на теренот до кој се доаѓа исклучиво преку пругата бидејќи до таму од Велес нема пат.
Групата на мигранти која синоќа се движела по пругата во правец на Белград била составена од околу 50 луѓе. Железничката рута за нив била единствен патоказ за непознатиот терен.
Експресниот воз во мигрантите удрил на локација во близина на железничката постојка Пчиња. Машиновозачот ги забележал емигрантите и почнал да кочи но тоа не било доволно за да го спречи ударот во нив. Теренот е непристапен и спасувачките екипи, од полицијата пристигнале со шинско возило. Во текот на ноќта биле активирани и спасувачи од Дирекцијата за кризи. Повеќе информации од полицијата најавија во текот на денот./У.Ј