Александар Шопов е новиот претседател на Основен суд Велес
Александар Шопов е новиот претседател на Основен суд Велес. Републичкиот судски совет го избра на денешната седница, во конкуренција на уште двајца судии и тоа судијките Лидија Димова и Билјана Јачева. Според судскиот совет изборот паднал на Шопов бидејќи имал најмногу поени во однос на другите кандидати.
Инаку триесет и пет годишниот Шопов, функцијата судија во велешкиот суд ја извршуваше во изминативе пет години , поточно од 25 март 2010 година. Како судија постапувал по трговски, стечајни и ликвидациони предмети.
На местото претседател на судот доаѓа по пензионирањето на екс претседателот Јордан Лазаров. Во меѓувреме, една година, функцијата в.д. претседател ја вршеше судијката Валентина Петровска.
Инаку Републичкиот судски совет денеска избира претседатели на судови и во други градови на државата./Д.С