(ОБНОВЕНО) Загина унгарски возач на камион на автопатот Велес – Скопје, кај Дорутовец
13: 19 – Сканија со приколка од Унгарија излетала од автопатот Велес – Скопје во непосредна близина на велешката населба Дорутовец. Тешкото товарно возило паднало во бездба длабока дваесеттина метри во нискостеблеста шума долу под автопатот. Возачот, најверојатно на педесет и осум годишна возраст од Унгарија, е мртов. Но неговото тело сеуште не е извадено. Проблем преставува изгребаниот асвалт на патот и ослабената носивост на мостот на кој ќе мора да застане дигалка за да ја крене и извлече сканијата горе на автопатот. Се прават напори за извлекување на телото на возачот, рече портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.
„Екипи на СВР Велес и надлежен јавен обвинител се сеуште на лице место и се превземаат мерки за извлекување на возачот од возилото. По целосно завршување на увидот и анализите ќе бидат соопштени и причините за сообраќајната несреќа,“ рече Стојковска
Сообраќајната несреќа се случила ноќеска околу 1.40 часот./У.Ј
09:24 – Сообраќајната несреќа се случила ноќеска околу 1.40 часот кога од засега неутврдени причини товарното возило со унгарски регистерски таблички излетало од мостот над населбата Дорутовец.
„Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес се сеуште на терен и возачот е сеуште во возилото од кое се обидуваат да го извлечат,„ рече портпаролката на велешката полиција Анита Стојковска.
За подоцна во текот на денот се најавени повеќе информации поврзани со несреќата./У.Ј
