Локализиран големиот пожар над Башино село во Велес

Објавено на 2 септември, 2015 во 09:25

По десетина часа борба со огнената стихија што вчера беснееше на ридот над Башино село и над автопатот Велес-Скопје, големиот пожар е ставен под контрола. Но опасноста од повторно избувнување не е надмината. Екипи на територијалната противпожарна единица се уште се на терен и ја контролираат состојбата и онаму каде што има жаришта се гаснат.

Според првичните проценки во пожарот изгореа околу 100 хектари деградирана шума, паша и дел од боровата шума. Во гаснењето на огнот учествуваа пожарникарите од велешката територијална единица со сите расположиви цистерни, вработени од Шумско стопанство „Бабуна“ и месното население. На помош во гасењето на пожарот беа пуштени и два аер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Надлежни од Дирекцијата ќе излезат на терен да направат точни проценки колкава површина е уништена од големиот пожар.

Инаку пожарот избувна вчера попладне околу 14 часот кај гробиштата на селската црква кај Башино село. Огнот брзо се ширел поради силниот ветар и се формирал во два крака. Првиот ја пеплосал шумата на ридот покрај автопатот Велес-Скопје се до селото Новачани, а вториот се проширил во правец кон езерото Младост./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.