Повредени двајца градежни работници во индустриска зона Караслари
Двајца градежни работници се повредени откако додека работеле на објект во индустриската зона Караслари , бетонски ѕид паднал врз нив. Веднаш биле префрлени во велешка болница каде на едниот работник му се констатирани повреди на граден кош и грбен дел од телото, додека другиот бил со повреди на рамен појас.
Првичните информации се дека двајцата градежни работници не се во животна опасност, затоа што се здобиле со повреди од нагмечувања. Едниот работник е пуштен на домашно лекување, а другиот бил задржан во болницата на опсервација. Во полициската станица во Велес, случката ја пријавил лекар од Итната медицинска помош. Според портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска, во моментот се уште трае увидот на лице место, а извршена е и контрола од страна на трудов инспектор./Д.С