Бегалец од неготинско приведен и вратен во затвор

Објавено на 6 мај, 2024 во 12:26
Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници на ОВР Неготино, вчера вечер, во 22:00 часот го привеле Д.М.(57) од село Долни Дисан, неготинско, поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово каде што издржувал затворска казна.

По обавениот службен разговор бегалецот бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.