Корените на режисерот Милчо Манчевски се од Велес
Марија и Милан Манчевски се дедо и баба, по татко му Александар, на познатиот македонски и светски режисер Милчо Манчевски. Дедо му Милан бил од Велес и по завршување на основното бил ученик во гимназијата во Солун. Според кажувањата на Борис Гајдов, близок роднина на Манчеви, Милан во Солун бил пријател со велешките гемиџии. Тој иако не учествувал во акциите на Гемиџиите сепак, поради неговото име Милан и поради тоа што бил од Велес, Турците го затвориле и одлежал во затвор од 1903 до 1908 година. Сепак бил помилуван со доаѓањето на Младотурците.
Штом го пуштиле од затвор од Уриетот побарале од Милан да го напушти Солун но и да не живее кај родителите во Велес. Му се заканиле дека ако го видат повторно ќе го затворат под обвинение дека бил другар на Гемиџиите.
Тогаш Милан тргнал од Солун со воз и патувал до Градско. Таму се синал а потоа пешки и тоа ноќе, си дошол до дома, во Велес. Родителите го пречекале предупредувајќи го дека е следен од тогашната турска полиција па затоа мора да замине на друго место. Според искажување на Борис Гајдов, Милан по кратко време се оженил со Марија, вдовица со две деца од Кочани. Така Милан се спасил и заедно со сопругата се преселиле во Скопје. Таму им се родил синот Александар , кој всушност е татко на познатиот режисер Милчо Манчевски.
Родителите на Милчо Манчевски, Александар и Власта , се по потекло од Велес. Мајка му Власта била од познатата фамилија Киркови, додека татко му бил од фамилијата Манчеви.
Стоилко Андреевски