Моторциклист удри дете кај централниот градски пазар во Велес
Објавено на 5 октомври, 2015 во 15:44
Детето е надвор од животна опасност. Тоа се здобило со телесни повреди, нагмечувања на глава и на граден кош. По сообраќајката детето со Брза помош е пренесено на хирушкото одделение во болницата во Велес. Хирурзите го задржале на болничко лекување поради опсервација на неговата здравствена состојба во наредните дваесет и четири часа.
Сообраќајката се случила попладнево околу 15 часот на улицата „Петре Прличко“ во близина на долниот влез на централниот градски пазар. Увид на местото на несреќата направила увидна полициска екипа. Резултатите од увидот треба да ги расветлат околностите под кои се случила несреќата./У.Ј