Успешна деветоноемвриска крводарителска акција, велешките крводарители повторно со одзив над очекувањата

Објавено на 8 ноември, 2020 во 16:38

 

9Noemvrikrvodaruvanje 1

8.11.2020

Денешниот ноемвриски ден што беше дел од викенд повторно ги мотивираше хуманите велешани да бидат дел од уште една крводарителска акција во Велес. Во Ликовен салон денеска  дојдоа и крв даруваа 103 велешани од кои 23 жени и тројца граѓани кои за прв пат ја подарија безценетата црвена течност што спасува живот.

9Noemvrikrvodaruvanje3

-Одзивот беше неверојатно голем и исклучително добар во услови на епидемија на Ковид-19. Општинската организација на Црвен Крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина не очекуваа дека ќе соберат 103 крвни единици. Но, тоа се случи во Велес. Им благодариме на сите крводарители чија хуманост се потврдува постојано. Како општинска организација веќе во месец септември го остваривме годишниот план од проектирани за собирање 1861 крвна единица, додека минатиот месец ја достигнавме бројка од 2.700 крвни единици што значи дека сме собрале 845 крвни единици повеќе. Кога кон оваа бројка ќе ги додадеме денешните 103 тогаш планот е натфрлен со 948 крвни единици иако до крајот на годината имаме уште скоро два месеци работа, рече секретарот на Цврвен Крст Велес Орце Николовски.

9Noemvrikrvodaruvanje2

Денешната крводарителска акција е традиционална. Неа Црвен Крст Велес ја организира во партнерство со Мото клубот „Носачи на крстот“ и Општина Велес како дел од одбележувањето на „9 Ноември“ – Ден на општината. Овие крвни единици се особено значајни во време во кое државата се соочува со епидемија од Ковид-19.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.